Советот на Општина Охрид ја одржа втората седница. Советниците гласаа по 11 точки од Дневниот ред кои се однесуваа на решенија за формирање на општинските комисии.

Дневниот ред беше дополнет со две точки кои се однесуваа на предлог одлука за констатирање на престанок на мандат на член во Советот на Општина Охрид и предлог одлука за верификација на мандат на член во Советот на Општина Охрид. Ова дополнување, како што беше посочено од страна на секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, било направено поради поднесената отставка од страна на советникот Марина Ѓоргоска.

За нов член во Советот на Општина Охрид беше избрана Рита Неранџоска од ЗНАМ чија мандат ќе трае до завршување на мандатот на Советот на Општина Охрид.

Беа извршени одредени измени на членови во комисиите, по што беа изгласани решенијата за формирање комисии во различни сфери.

Претседателот на Советот Перчо Божиновски им посака успешна работа на сите членови на комисиите и посочи на совесно и одговорно работење и нивно редовно одржување кое рече е од големо значење за одржување на седниците.

Н.С.Ј.