Голем број верници вечерва се упатија кон Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник за да се поклонат пред моштите на светителот кои се изнесуваат во очи празникoт посветен на Св. Пантелејмон и Св. Климент Охридски Чудотворец.

По повод празникот вечерва на Плаошник се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј.

Фото галерија:

На 9 август се одбележува споменот на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник. Исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.

Св. Климент Охридски е патрон на Македонската православна црква и заштитник на Охрид.

OhridNews