Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, е еден од најголемите верски празници и масовно се одбележува кај нас.

Така е и годинава. Од утрото голем број верници се упатуваат кон храмовите на Македонската православна црква во Охрид. Најсвечено беше во храмот посветен на Мајката божја во Каменско каде се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваша Митрополитот Дебарско – кичевски и Плаошко – струшки Георгиј.

На литургијата во Каменско присуствуваа голем број верници, а пред храмот други стрполиво чекаа да влезат да запалат свеќи и да се помолат за здравје.

Свечено е денеска во сите храмови и манастири кои кои го носат името на големата светителка. Празникот Успение на Пресвета Богородица масовно се одбележува во Скребатно каде традиционално верниците почнаа да пристигнуваат уште од синоќа.

Успение на Пресвета Богородица 

Г.М.