Илјадници верници ги исполнија храмовите на Македонската православна црква во Охрид на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Меѓу верниците на Плаошник имаше и познати јавни личности, како и голем број гости од земјава и странство.
Храмовите на Македонската православна црква во Охрид, на Велигден ќе бидат отворени во текот на целиот ден.
Вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие, ќе има во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.
На Втор ден Велигден, понеделник, ќе има утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 8.30 ч. Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Струга.
Во вторник, Трет ден Велигден, ќе има утрена со Златоустова литургија во сите цркви со поч. во 8.30 ч. За Варош, во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“ – Охрид.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ




















