Голем број верници од Струга, Охрид и околните места од синоќа се упатуваат кон манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Калишта за да запалат свеќа во чест на празникот Мала Богородица и да се помолат за здравје и среќа.
По повод празникот, во манастирот во Калишта денес се одржува и света архиерејска литургија со која чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со епископот велички г. Јосиф и епископот лешочки г. Јосиф. На литургијата присуствува и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
OhridNews