Голем број верници вечерва се упатија кон Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник за да се поклонат пред моштите на светителот кои се изнесуваат за овој ден.
Од најмали до највозрасни, сите стрпливо чекаа во ред пред да влезат во црквата за да ги допрат моштите на Св. Климент и да се помолат за здравје.
Денешниот ден е посветен на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.