Голем број верници од вчера се упатуваат кон Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон Плаошник, по повод празникот посветен на двата светители каде им оддаваат почит палејќи свеќи и се поклонуваат пред моштите на Свети Климент, заштитникот на градот.

Вчеравечер на Плаошник, по повод јубилејниот празник 1100 години од блаженото упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ се служеше празнична вечерна богослужба, на која присуствуваа и претседателката на советот Гордана Коњановска, советници, како и претставници на МАНУ. Света архиерејска литургија на која чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј се служеше и денес.

По повод јубилејот од упокојувањето на Свети Климент Охридски, издавачката установа „Канео“ при Дебарско – кичевската епархија, ја издаде новата книга „Свети Климент Охридски“ хагиографија и химнографија, која ќе може да се најде  низ сите парохиски цркви.