Екипата на Лестер одново е фудбалски хит во светот, откако успеа да се пласира меѓу најдобрите осум во најквалитетното клупско натпреварување во Европа. „Лисиците“ во осминафиналето ја елиминираа Севиља со вкупен резултат (3-2) после победата (2-0) на домашен терен.
– Се уште неможам да поверувам што направивме и каде се наоѓаме во Лигата на Шампиони. Јас лично не очекував ваков пласман и разврска, но повторно заедно правиме неверојатни работи и покажавме дека можиме иако многу не веруваа во нас. – изјави Вес Морган.
Капитенот на „лисиците“ кој се запиша во листата на стрелци постигнувајќи го првиот гол за водство 1-0 нема некоја посебна желба во ждрепката која ќе се одржи во петок.
– Нека ни се падне било кој. Ова беше фантастична ноќ за Лестер. Треба да уживаме во овој момент, но да се фокусираме и на натпреварите во Премиерлигата. – додаде дефанзивецот.
ЛШ: Лестер и Јувентус меѓу ТОП 8 (видео)
OhridNews