Легендата на YU ракометот, Веселин Вујовиќ и официјално е нов селектор на сите машки репрезентации. Вујовиќ е најзвучното име кое досега ја водело македонската репрезентација. Поранешниот тренер на “Суидад Реал“ и селектор на Србија и Црна Гора, ќе ја координира работата на сите машки селекции вклучувајки ја и јуниорскта која ќе игра на светското првенство во Македонија.

Сениорската репрезентација во јунскиот бараж за ЕП 2008 во Норвешка ќе игра против Словенија. За помошници на Вујовиќ УО сугерира да бидат избрани Звонко Шундовски кај јуниорите и досегашниот в. д. селектор Илија Темелковски за сениорите.

М.П.