„Вештачки симулиран потрес“ на десеткатен објект во станбената населба „Адора“ во општина Аеродром, Ново Лисиче, во Скопје, изведен денес во соработка со експертите за земјотресно инженерство на ИЗИИС, и научно ја потврди врвната асеизмичка стабилност и цврстина на елитните станбено-деловни објекти на „Адора Инженеринг“ во Скопје. Оваа градежна компанија, која е прва што реализира тест на сигурноста со „вештачко земјотрес“ на станбена зграда во самостојна Македонија во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, проектот го реализира по повод 50 години од скопскиот земјотрес. На настанот присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници на ИЗИС, инспекциски служби од подрачјето на Скопје, голем број купувачи на станови во „Адора Инженеринг“, заинтересирани граѓани и голем број новинари и претставици на медиумите.


    -На овој начин ја потврдивме гарантираната врвна безбедност на станарите во елитните станбени објекти, што 11 години ги гради „Адора Инженеринг“ во Македонија. Како прв човек на компанијата, тврдам дека докажаната асеизмичка стабилност и цврстина на станбените објекти се должи  на употребата на најквалитетни градежни материјали по најсовремените стандарди, на што воопшто не се штеди, со 30 % повеќе железо и голема цврстина на бетон МБ 40. Поради тоа градбите на компанијата со висока геомеханичка стабилност од 100 мегапаскали, можат да издржат и јапонски земјотрес од големи размери, без жртви, на што се гордееме – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.

    Елитниот станбен објект на „Адора Инженеринг“, по вештачки пат, со симулирани вибрации беше разнишан со јачина од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала, што сепак се разликува од природен земјотрес. Добиените резултати и фактот што по повеќето вештачки земјотреси деновиве и денес, не предизвикаа никакви несакани последици, и тоа што тестирањето мина без ниту една пукнатина или оштетување на зградата, е потврда дека зградата издржа големи притисок и е асеизмички стабилна, како и другите станбени објекти на „Адора Инженеринг“. – изјави Михаил Гаревски, дир. на ИЗИИС, претседател на Македонската и Европската асоцијација на земјотресно инженерство.

OhridNews