Веслачкиот клуб “Југ“ Охрид во Недела ја организира традиоционалната “Меѓународна Илинденска Веслачка Регата“ .


На регатата ќе земат учество клубови од земјата и странство и тоа : ВК “Бегеј“ Зрењанин-Република Србија, ВК “Тракија“ Пловдив, ВК “ЦСКА“ Софија, ВК “Черпоков“, Пловдив – Република Бугарија, ВК “ Црни Дрим “Струга, ВК “Дебар“ Дебар  и домаќинот ВК “Југ“ Охрид.

Регатата започнува во 8.30, а целта е на мостот кај плажата пред хотелот “Палас“.

На регатата ќе настапат околу 60 веслачи и веслачки во дисциплините Скиф и Дублскул во пионерска, кадетска и јуниорска категорија.

Ohridnews