Веслачкиот  клуб „Југ“ Охрид на 08.08.2010 година (Недела) ја организира „Меѓународната Илинденска Веслачка Регата“.


На регатата ке земат учество клубови од земјата  и странство и тоа : В.К. „Бегеј“  Зрењанин – Република Србија, В.К. „Тракија“ Пловдив, В.К. „Черпаков“ Пловдив – Република Бугарија, В.К. „Црн Дрим“ Струга, В.К.„Дебар“ Дебар и домакинот В.К. „ЈУГ“ Охрид.

Регатата  започнува во 8 и 30 часот а целта  е мостот односно плажата кај  хотел „Палас“.

На  регатата ке настапат околу 80 веслачки и веслачи во дисциплините  Скиф  и   Дублскул  во пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска категорија.

Ohridnews