Дебитанската сезона во регионалната ракометна СЕХА лига унгарскиот првак Веспрем ја круниса со освојување на трофејот.
Во големото финале унгарците го совладаа составот на Брест Мешков со 31-22, кој пак за влез во финалето го елиминираше Вардар.
Ракометарите на Веспрем на фајнлфор турнирот кој се одржа во нивната арена ја продолжија доминацијата, која ја покажаа во текот на целата сезона.
Домашниот терен дополнително им ја олесни работата на унгарците кои конкурираат и за тронот во Лигата на Шампиони.
Во кратката историја од СЕХА лигата, Вардар со две титули е најтрофејен клуб пред Загреб и Веспрем кои имаат по еден трофеј.
Мх.П.