Унгарски Веспрем е противникот на полскиот првак Киелце во овогодинешното издание на завршниот турнир од Лигата на Шампиони кој се традиционално се одржува во германскиот град Келн.


Веспрем виза за финалето обезбеди победувајќи го „домаќинот“ Кил со 31-28 по дополнителните десет минути откако регуларниот дел заврши без победник 25-25 (12-15).

„Зебрите“ беа на чекор од финале, но Маргуч со погодокот во последната секунда од регуларниот дел обезбеди реми за Веспрем и продолженија.

Таму, унгарците ја искористија психолошката предност, со агресивна одбрана и ефикасен напад го решија германскиот тим кој против ПСЖ ќе се бори за утешниот бронзен медал (15:15ч)

Финалниот натпревар се игра во 18 часот.

OhridNews