Актуелниот шампион во регионалната СЕХА лига, Веспрем експресно се врати на победничките патеки совладувајќи го Металург во Борис Трајковски со 23-20 (14-10).


Со овој триумф ракометарите на Веспрем ги залечија раните кои Вардар им ги нанесе со убедливиот триумф (29-22) во супер дербито во СЕХА лигата.

Унгарските ракометари во финишот од првиот дел со серија 4-0 го скршија отпорот на „металурзите“ и на одмор заминаа со плус четири 14-10.

Во второто полувреме со голема ротација во составот гостите ја одржаа предноста и забележа нова вкупно втора победа во СЕХА лигата.

Со пет голови најефикасен на мечот беше Драган Гајиќ, а во Металург најпрецизен беше Марко Нелоски со четири погодоци. 

Фото: Екипа.мк
OhridNews