Медиумската групација ВАЦ ги продаде своите друштва во Македонија на Орка Холдинг со седиште во Скопје, се наведува во заедничкото соопштение на ВАЦ и МПМ.

Како што пренесува „Макфакс“ купопродажната цена на зделката не е објавена, бидејќи двете страни одлучиле да го задржат правото на дискреција.

Продажбата е дел од стратегијата на ВАЦ најавена во август 2010 год. за оттуѓување на уделите во фирмите во југоисточна Европа, стои во соопштението.

Групацијата ВАЦ во рамките на нејзината стратегија пред една година ангажираше една банка за купопродажниот процес на МПМ.

На тој начин се преговараше и се потпиша договорот со Орка Холдинг, иако во текот на процесот групацијата ВАЦ разгледувала и неколку други понуди

Германската компанија својот ангажман во Македонија, кој траеше од 2003 година, го оценува како успешен.

Медиумската групација ВАЦ влезе на македонскиот медиумски пазар во 2003 година преземајќи  го мнозински удели во трите дневни весници: Дневник, Утрински весник и Вест.

OhridNews