Екипата на Ливерпул останува единствена екипа со максимален ефект во Премиер лигата после шест одиграни натпревари, откако тимот на Челси освои само бод против Вест Хем во мечот кој заврши без голови (0-0).

„Сините“ и покрај иницијативата и многуте шанси не најдоа начин да го совладаат голманот на домаќините Лукас Фабиански кој имаше свој ден. Сепак, најголемата шанса за погодок ја промаши Вест Хем односно Јармоленко кој успеа невозможното да го направи реалност.

„Топчиите“ после лошиот старт полека се пробиваат кон горниот дел на табелата. Нови три бодови фудбалерите на Арсенал на своето конто запишаа со триумфот (2-0) на домашен терен против Евертон. Творци на победата беа Александер Лаказет и Пјер Омерик Обамејанг кои ги постигнаа головите. Французинот стрелаше во 56-та, а Габонецот во 59-та минута.

Табела: Ливерпул 18, Челси 16, Мен Сити 16, Ватфорд 13, Тотенхем 12, Арсенал 12….

OhridNews