Чилеанскиот фудбалски стратег Мануел Пелегирини ќе биде новиот менаџер на англискиот премиерлигаш, Вест Хем. 64-годишниот стратег со „чеканите“ потпиша тригодишен договор и вети многу позитивни резултати.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

OhridNews