Фудбалерите на Манчестер Сити забележаа висока победа од 4-1 (2-1) против Вест Хем во рамките од премиерлигашката турнеја во Азија.

Мрежите мируваа во првите 25 минути. Првиот потег го повлече Вест Хем, кој поведе со погодокот на Марк Нобл од пенал. „Граѓаните“ на водечкиот погодок од Вест Хем возвратија со два голови и го свртија резултатот во своја полза. На 1-1 изедначи Давид Силва а за 2-1 стрелаше прецизно Лукас Нмеча. Во второто полувреме, Манчестер Сити со головите на Рахим Стерлинг ја запечати победата.


На премиерлигашката турнеја учествуваат Њукасл и Вулверхемптон а нивниот меѓусебен дуел заврши во корист на „волците“ со 4-0.

OhridNews