Екипата на Вест Хем го отвори зимскиот преоден рок во Премиер лигата доведувајќи го Самир Насри. Французинот на „чеканите“ им се приклучува од турскиот клуб Анталијаспор.

Насри ќе нема потреба од акламација, бидејќи има големо искуство во Премиер лигата. 31-годишниот фудбалер во минатото ги носеше дресовите на Арсенал и Манчестер Сити.

Преодниот рок во Премиер лигата ќе трае до 31 јануари, а англиските екипи се најголеми потрошувачи во релативно малата пауза измеѓу полусезоните.

OhridNews