Англискиот премиерлигаш Вест Хем и нивниот менаџер Славен Билиќ ја отфрлија можноста да го ангажираат холандскиот голгетер Робин ван Перси од Фенербахче.


Некогашниот напаѓачна Арсенал и Манчестер Јунајтед бил подготвен да игра и за помала плата во Вест Хем, но челниците на „чеканите“ и Билиќ не ја прифателе понудата од агентот на Холанѓанецот. 

Ван Перси исто така се поврзува со преселба во новиот член од Премиер лигата, Мидлзброу кој е во градење на екипа за сезоната која доаѓа.

Холанѓанецот долги години настапуваше за Арсенал, а потоа се пресели во Манчестер Јунајтед со кој освои титула во Премиер лигата.

Ван Перси, Олд Трафорд го напушти откако влезе во клинч со сега веќе екс менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал.

OhridNews