Екипите на Вест Хем и Лестер ги поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во првиот меч од 13-та рунда во англиската Премиер лигата.

Најинтересните, односно головите на Олимпискиот стадион во Лондон паднаа во првиот дел од натпреварот. „Лисиците“ преку Албрајтон поведоа со 1-0, а резултатот го изедначи Којате во последната минута од првото полувреме. 

Со освоениот бод Вест Хем не успеа да се извлече од зоната за испаѓање, додека Лестер се искачи една позиција и сега се наоѓа на 11-то место на табелата. 

OhridNews