Екипата на Вест Хем претрпе нов вкупно петти пораз во Премиер лигата, откако на домашен терен во шестата рунда изгуби од Саутемптон (3-0).


„Чеканите“ никако неможат да излезат од резултатска криза, а после овој на конец виси работата на Славен Билиќ кој минатата сезона го препороди клубот по преземањето.

Гостите, во финишот од првиот дел преку Чарли Оустин поведоа со 1-0, а работата за бодовите ја завршија во второто полувреме со головите на Душан Тадиќ во 62-та минута и Џејмс Ворд Проуз во 90-та минута.


Со овој триумф „светците“ се искачија на 9-та позиција додека Вест Хем со една победа во пет натпревари се наоѓа на 18-то место на табелата.

OhridNews