Англискиот премиерлигаш Вест Хем со соочува со тешка одлука околу иднината на францускиот репрезентативец, Дмитри Пајет кој имаше одличен настап за „триколорите“ на Европското првенство.


Според статистичкиот учинок фудбалерот на Вест Хем е најдобар на ЕП, затоа неговата цена на трансфер пазарот драстично скокна.

„Чеканите“ првично најавија дека нема да го продаваат Французинот, но во игра за неговиот потпис влегуваат Пари Сент Жермен и Реал Мадрид кои подготвени се да понудат околу 40 милиони евра.

Вест Хем минатата сезона заврши на шестата позиција во Премиер лигата, а сезонава се преселуваат на Олимпискиот стадион во Лондон со што ќе пораснат и апетитите на клубот.

Но, евентуалната продажба на Пајет би значело крај на сите поголеми амбиции на клубот во англиското друштво и Лигата на Европа.

OhridNews