Составот на Вест Хем има сезона за паметење во Премиер лигата, но во останатите девет меча мора да го задржи истиот ритам што ќе им донесе „европско лето“ на својот стадион.
„Чеканите“ по 29-ет одиграни натпревари во англиската Премиер лигата се наоѓаат на петтата позиција која води во Лигата на Европа, но имаат и изгледни шанси за пласман во ТОП 4 што носи пласман во Лигата на Шампиони.
Без разлика на пласманот, клубот од Аптон Парк на големо се подготвува за следната сезона, која треба да пресвртница во амбициите.
Фудбалерите предводени од Славен Билиќ на клупата не се плашат од никого, а навивачите го препознаваат тоа и сонуваат големи работи.
Билиќ после добрите резултати има комплетна доверба од управата на клубот, и одврзани раце за купување на нови фудбалери.
Хрватскиот стручњак на листата од трансфер желби ги има Кристијан Бентеке, Вилфред Бони и Тео Волкот кој се послабо и послабо добива шанса во Арсенал.
Според овој список на засилувања „чеканите“ следната сезона ќе атакуваат на првите четири места во Премеир лигата и ќе бидат „трн во око“ на екипите од големата „четворка“.
OhridNews











