Клубот со фантастичен огномет, а фудбалерите на Вест Хем со иста таква победа над Манчестер Јунајтед (3-2) се збогуваа од Аптон Парк.

„Чеканите“ ќе го сменат својот дом и ќе преселат на Олимпискиот стадион во Лондон додека на местото од Аптон Парк ќе никнат спортски комплекси.

Манчестер Јунајтед, пак, со поразот од Вест Хем речиси и да гу загуби шансите за пласман на четвртата позиција која води во Лигата на Шампиони.

Диафра Сако во 10-та минута погоди за водство на домаќините кое го чуваат до 51-та кога Ентони Марсијал изедначи на 1-1.

Истиот фудбалер 20-тина минути подоцна направи комплетен пресврт, но „чеканите“ го немаа кажано последниот збор. За четири минути постигнаа два погодоци и со победа се простија од својот дом.

Мх.П.