Англискиот премиерлигаш Вест Хем во зимскиот преоден рок ќе преговара со Интер за услугите на капитенот, Мауро Икарди.


Аргентинецот својата иднина во Интер си ја загрози по блиската средба со ултрас навивачите иако клубот Џузепе Меаца потполно застана зад него.

„Чеканите“ за аргентинскиот интернационалец ќе понудат 30 милиони евра кои се очекува италијанскиот калчолигаш да ги прифати.

Пред почетокот на оваа сезона Икарди се поврзуваше со трансфер во Челси, а споменуваше сума од 60 милиони евра, но тој остана во Интер на кој не му оди баш најдобро сезонава.

OhridNews