Сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани и наместа по влажни коловози, а ветар со силен интензитет има на патиштата кон Попова Шапка, Стража и Маврово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

OhridNews