
Во скопско Маџари оштетен е покривот на основното училиште „Наум Наумовски Борче“, во Велес силниот ветер предизвикал прекин во снабдувањето со струја, а во куманосвско ветрот корнел дрвја и уривал градби и покриви на куќи.
Големи оштетувања ветрот предизвикал и во тетовско каде голем број куќи во селата останале без покрив, а во Дебар оштетена била зградата на меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Ветрот во Битола и околината предизвикал оштетувања на електричната мрежа. Невремето проследено со силен ветер според синоптичарите треба да се смири кон крајот на денот кога силината на ветрот се очекува полека да опадне.
Силно невреме владее во повеќе земји во Европа. Главниот град на Австрија Виена е зафатена од силен ветер кој предизвикал големи штети, а во Хрватска едно лице го загубило животот.
ohridnews











