Во посета на Охрид и Македонија викендов се ветераните на прославениот фудбалски клуб Црвена Ѕвезда од Белград, Република Србија.

Фудбалските легенди на Ѕвезда вчера се сретнаа со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан кому му подарија дрес. Сувенирот му го врачи македонскиот ас Бошко Ѓуровски.

Ветераните на Црвена Ѕвезда беа и во посета на Бигорскиот манастир каде топло беа пречекани од монаштвото и домаќините од Охрид.

Ветераните на Црвена Ѕвезда денеска ќе одиграат натпревар во мал фудбал со селекција на играчи од Охрид, во спортскиот Центар “Климент Колески”. Ревијалниот меч почнува во 17 часот, а дружба и фотографирање се предвидени во Гостилница „Боем“.

Во градот покрај Охридското Езеро доаѓаат познатите фудбалски имиња кои некогаш го носеле црвено белиот дрес: Станислав Караси, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Милко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неџа Милосављевиќ, Илија Најдовски, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Милош Бурсаќ…

Покровители и помагатели на настанот се: Гоце Илчески – Гостилница Боем, Михајло Филев – почесен конзул на република Србија во Македонија, Златара Бона Сера, Спортски Центар “Климент Колески”, Адвајзори, АБВ Дизајн, Винска куќа Струга, Домаќинска куќа Вевчани, АСП ПАК, Алпојо, Моби Петрол, Академија Охрид, Винарија Попов, Мега Солар, Жито Леб, Топ Маркет. Медиумски покровител е Охридњуз.

Г.М.