Најтрофејната тенисерка, Серена Вилијамс и најискусната Мирјана Лучиќ-Барони ќе ги одмерат силите во едно од двете полуфиналиња на грен слем турнирот, Австралија Опен.


Хрватката, Лучиќ-Барони која има полни 34 години во едно полуфинале игра по пауза од 18 години, односно од 1999 кога беше дел од најдобрите четири тенисерки на Вимболдон.

За пласман во ТОП 4, Лучиќ-Барони ја совлада Каролина Плишкова во три сетови (6-4, 3-6, 6-4) за еден час и педесет минути игра.


Американката, Серена Вилијамс немаше поголеми проблеми и во два сетови (6-3, 6-2) за еден час и 17 минути игра ја „преслуша“ Јохана Конта.

Вилијамс и Лучиќ-Барони до сега се имаат сретнато два пати, а во двете средби славеше Американката која има вкупно шест титули од австралискиот грен слем турнир.

OhridNews