Ветеринарната амбуланта „Тони“ победи на негативното јавно наддавање на тендерот за ветеринарни услуги, што го распиша општина Охрид, дознава OhridNews. Оваа ветеринарна амбуланта ќе се грижи за бездомните кучиња во стационарот кај Мауцкер, со кој ќе стопанисува ЈП „Охридски Комуналец“.

Неодамна директорот на јавното комунално претпријатие Љупчо Грданоски најави дека веднаш по изборот на ветеринар ќе започне заловувањето на бездомните кучиња и нивен понатамошен третман.  Тој појасни дека законските норми предвидуваат заловување, стерилизација или кастрирање на бездомните кучиња и нивно враќање на местото каде биле заловени.

-Тоа значи дека законското решение е на долг рок. Граѓаните да не очекуваат дека ќе нема кучиња на улиците и дека овој проблем ќе биде решен брзо. – изјави неодамна Грданоски.

OhridNews