Ветеринарната комора на РСМ годинава одбележува јубилеј, 30 години од формирањето. По тој повод, од денеска до 20 октомври во Охрид ќе бидат одржани повеќе настани.

Утре и задутре Комората организира конгрес на тема „Втори Охридски ветеринарно-медицински средби”, со меѓунарoдно учество. Најавени се предавачи од земјава и регионот со тематски излагања од повеќе области на ветеринарната медицина.
На Конгресот ќе присуствуваат и државни претставници, бројни делегации на ветеринарни комори со кои Комората има потпишано билатерални договори за соработка, како и преставници од европски асоцијации.
OhridNews











