Англискиот премиерлигаш Челси доби вето за трансфери за следните два преодни рокови од ФИФА, поради прекршувањето на правилата за купување на малолетни фудбалери.

„Сините“ до летото 2020 година не ќе можат да ангажираат нови фудбалери, што ќе преставува проблем за клубот и плановите. Екипата од Стемфорд Бриџ ќе може да договора фудбалерите, но тие ќе може да ги регистрира после истекување на казната од ФИФА.

Челси се соочи и со парична казна од 600 000 швајцарски франци, а финанска казна доби и Англиската фудбалска федерација од 510 000 франци поради регистрација на спорните трансфери.

  • Клубот правилото на ФИФА го прекршил во 29 случаи, а казната е последица од повеќегодишната истрага од нашите органиј. Најголем проблем претставуваше трансферот на Бертранд Траоер во 2013 година. Челси ќе може да продава, но не и да регистрира играчи. Оваа забрана важи за женскиот и футсал тимот.  – стои во соопштението од ФИФА.

Челси има три дена рок да ја обжали одлуката на ФИФА која воопшто не е во прилог на клубот.

OhridNews