Силниот ветер од југ и натаму предизвикува проблеми. Над градот надвиснати се облаци, а во воздухот лебди прашина која го отежнува дишењето. На моменти силниот ветер поместува и потешки предмети. На булеварот „Туристичка“ испразнет пластечен кинтејнер заврши на коловозот, па возачите мораа да го заобиколуваат за да не се судрат.


Во текот на ноќта и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд. На места врнежите ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време, изнформираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews