Од потегот на градското пристаниште и кејот на езерото, охридските комуналци подигнале околу 30 метри кубни отпад, кои биле натрупани по силниот ветер кој го зафати Охрид во текот на изминатиот викенд.
–Невремето кое го зафати Охрид допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред хотел „Палас“, па поради тоа нашите екипи беа вонредно ангажирани за да се расчисти насобраниот отпад, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму додаваат дека активностите за расчистување биле реализирани по добиен налог од општинскиот инспекторат.
Освен расчистување на крајбрежјето, интензивирани биле и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите јавни површини низ градот.
OhridNews