Петнаесеттина волонтери на еко движењето „Чист Охрид“ зедоа учество во петтата акција со која беше опфатен реонот околу општата болница и улицата „Сирма Војвода.
Тие собраа поголема количина најразлечен отпад, меѓу кој и две веце школки, употребувани шприцеви и друг опасен медицински отпад, рендген снимки, теписони, автомобилски гуми и мртво маче. 
Инаку, ова е петта акција на „Чист Охрид“, а се поголем е бројот на волонтери кои се приклучуваат на активностите на ова еколошко движење. 
OhridNews