Попладнево во Вевчани со пригодна свеченост беше отворено новото основно училиште „Страшо Пинџур“   кое од утре ќе го посетуваат  250 ученици од прво до деветто одделение.

Новата училишна зграда е една од најсовремените во земјава, изградена во традиционален македонски стил карактеристичен за Вевчани.

Во изминатите години, наставата се одвиваше во општинската зграда во Вевчани, каде просторот не ги задоволуваше критериумите за водење настава. Пред 2006 година, наставата во Вевчани се изведуваше во училиште изградено во 1945 година, кое поради дотрајаност и статички проблеми мораше да се напушти, бидејќи претставуваше опасност за безбедноста на учениците и наставниците.

OhridNews