Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Р.М. го прими Решението за одобрување на барањето  за финансиска поддршка во висина од 3.318.119 денари наменети за потребите на општината од комуналната сфера.

Како што информираат од локалната самоуправа од Вевчани, добиените средства ќе бидат искористени за изградба на локален пат –делница  “Бебек-фарм“  до црквата „Св.Варвара”.

OhridNews