Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска денеска во Вевчани го пушти во употреба објектот за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.

Овој монтажен објект е дел од проектот на Министерството за култура за изработка, поставување и ставање во функција на дваесет унифицирани монтажно-демонтажни објекти предвидени за ваква намена.

-Сите заинтересирани тука ќе можат да купат копии од артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Македонија, приврзоци, сложувалки, разгледници и друго. Овој особено важен проект кој одигра клучна улога во заживувањето на сувенирската дејност во нашата држава и дополни една евидентна празнина во овој домен, присутна со години, веќе е во завршна фаза, рече Канческа-Милевска.

Петнаесет вакви објекти, како што потсети таа, веќе се поставени во Скопје, Битола, Охрид, Дојран, Ресен, Берово, Крушево, Битола, Стоби, на граничнииот премин Богородица, а остануваат да бидат промовирани уште пет монтажни објекти во Штип, Прилеп, на граничните премини Табановце и Деве Баир, и уште еден објект во Скопје, со што проектот и целосно ќе биде реализиран.

OhridNews