Во организација на Меѓународната фондација „Киро Глигоров“ и Компанијата „ВИА“  , од денес до 10 јули,  во Вевчани по четврти пат ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Ќе учествуваат над 20 еминентни ликовни уметници од земјава, како и гости од Грција, Русија, Србија, Бугарија, Франција, Црна Гора и од Албанија.

Целта поради која се организира колонијата е да се изврши обединување на уметниците кои ќе имаат можност да ја црпат својата инспирација од убавините на Вевчани, при тоа да ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и да создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

OhridNews