Во Вевчани започнаа градежните активности за изградба на современа Спортска сала која ќе има капацитет од 500 седишта.
– Спортската сала ќе се користи за кошарка, за ракомет, за одбојка, гимнастика, пинг-понг и за многу други спортови и други настани со што во целост ќе ги задоволува потребите на младите во Вевчани, напоменуваат од локалната самоуправа.
За реализација на проектот обезбедени се 700. 000 илјади евра,од Буџетот на Република Македонија преку Министерството за образование и наука. Изведувач на градежните работи е А.Д Гранит – Скопје. Потпорните ѕидови околу објектот се градат со средства од локалната самоуправа кои се во висина од 30.000 евра.
OhridNews