Вевчани од минатиот четврток има проблеми со електричната енергија. Мештаните, но и мал број  туристи ,оковани од снегот  живеат во мрак и студ, а децата не одат на училиште, изјави за „Телма“ градоначалникот Перо Илиевски.

 „Ние им обезбедивме пристап до сите објекти на ЕВН. Тие наместо да ја вратат струјата, исклучуваат неплаќачи. Граѓаните навестија дека доколку не се отстрани дефектот ќе пристап кон граѓанска непослушност“, вели Илиевски, 

 
Од  ЕВН велат дека проблемите со напојувањето на електрична енергија се резултат на невремето и се работи на оттстранувањее на дефектите. Обвинувањата дека во Вевчани нема струја по двесте дена годишно според ЕВН се паушални и неточни.

„Екипите се испратне и веќе работат на детектирање на дефектот. Во најкусо време ќе биде оттстранет“, смирува Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

OhridNews
извор:„Телма„