Со вадењето на маските и оро средсело, вчера, заврши Вевчанскиот карневал. Изминатите два дена вевчанските василичари на посетителите, кои ги имаше од сите краишта на земјата, но и надвор од неа, им приредија незаборавни моменти. Меѓу посетителите беше и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, кому чест му направија вевчанските зет и невеста, која е една од неколкуте традиционални маски на карневалот. Според стариот македоснки обичај невестата им бакнува рака на повозрасните.


OhridNews
фото:Емилио