Кај да си за Василица во Вевчани да си. Ова село со немирен дух 14 века ја одржува карневалската традиција. А вевчанци од Горна и Долна маала уште од рано утро ги започнаа завршните подготовки за дефилето под маски, на кои долго работат. Низ вевчанските сокаци покрај традиционалните Зет и Невеста, Глупавиот август и свирачите, денеска прошетаа митски и филмски јунаци, воини, разни чудовишта, но и многу групни маски на актуелни политички теми, спорот за името, МПЦ, загадениот воздух, правата на сексуалните работнички…

И годинава неодминлив дел од карневалот беа политичарите на кои беа посветени повеќе маски. 

Карневалот привлече голем број гости од странство кои по чашка две домашна ракија или вино брзо се вклопија во карневалскиот амбиент.

Учесниците во карневалот вечерва ќе ги посетат сите домови на вевчанци. Предвидена е и богата културно забавна програма. Карневалот завршува утре на пладе со оро сред село кога ќе бидат извадени василичарските маски. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА:


Василичарите најдоа решение за спорот со името, црквата, загадениот воздух….

Г.М.