Деновиве, топ тема во неколку грчки медиуми е вевчанскиот карневал. Ако во минатата година нашиот јужен сосед ги критикуваше дел од маските во кои се „погребува“ Грција, оваа ги налути едногодишниот помен.
Во весникот „То Вима“, пишува дека карактеристично за карневалот е да се навредува и омаловажува нивната земја. Изворите на кои се повикува овој грчки весник, за инцидентот коментираат дека е резултат на националистичката реторика која владее во земјава.
Грчките дипломати за медиумите, го истакнуваат фактот што организатор на карневалот е Министерството за култура, односно дека оваа година на манифестацијата присуствувал висок претставник на ресорното министерство.
OhridNews













