Во периодот од 15 јули до 31 август во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“. Манифестацијата има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период вели градоначалникот Спасе Кочовски.

„Вевчанското лето“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања. Манифестацијата ќе се одржува на повеќе локации низ Вевчани, истакна Кочовски.

Манифестацијата ќе почне утревечер со изведба на монодрамата „Кармен“, од Мигел Делибес, во режија на Дејан Пројковски.

„Вевчанското лето“ е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година, а во организација на здружението „Вевчани Турист Инфо“.

OhridNews