Сезоната ја отворивме со силни гостувања. Сега е трето гостување во Битола, по Алкалоид и Вардар, не чека Еурофарм Пелистер. Сите знаеме кој потенцијал го имаа таа екипа, посебно како добро играат на свој терен, изјави ракометарот на ГРК Охрид Предраг Вејин.

Во недела не очекува многу голем предизвик како нас, така и нив. До сега покажавме дека одигравме добри натпревари со Алкалоид и Вардар и во Битола ќе одиме на победа. Мислам дека имаме потенцијал да се надеваме на тоа, иако впечатокот е дека сеуште екипата не го има покажано целиот потенцијал, но работиме секојдневно, рече Вејин.

OhridNews