Ако сте приметиле дека во последно време се почесто ви паѓа вашата коса, а сигурни сте дека на тоа нема влијание лошата исхрана, ниту пореметување на хормоните, можеби е време да го посетите вашиот дерматолог за да го прегледа вашиот скалп. Темето на кое се појавува првут често има запушени пори, па сето тоа доведува до успорен раст на косата и паѓање на влакна.

Овој проблем е честа појава кај многу луѓе, но важно е правилно да ги употребувате шампоните, за да не се влоши состојбата со вашиот скалп.

Најдобрите третмани ќе ви ги препише вашиот дерматолог, а ова се неколку совети кои помагаат кога е во прашање паѓањето на вашата коса поради проблеми со вашиот скалп.

1. Додека не проверите дали имате масен или сув првут, користете благи шампони.

2. Секој ден масирајте го скалпот за да ја зоглемите циркулацијата.

3. Немојте да излегувате со мокра коса. После миењето на костата добро исушете го вашето теме, сето тоа за да не настанат габи.

4. Употребувајте медицински препарати за да ја зајакнете вашата коса.

5. На некое време откажете се од препаратите за коса како што се лак, гел и пена за коса.

OhridNews