Една од најпознатите глобални апликации за размена на пораки „Viber“ објави дека воведува нова опција „Viber Communities“, која овозможува простор за чат во група на една милијарда корисници истовремено.

За споредба „Facebook Messenger“ дозволува чат во група до 150 корисници, а „WhatsApp“ до 256 корисници.

Оваа револуционерна апликација на „Viber“ се очекува на корисниците да им отвори нови можности за бизнис и заработка. Имено, „Viber“ ќе претстави и нови функции за монетизација, кои на сопствениците на групите ќе им овозможат во нив да креираат модели за создавање на приходи како тие ќе се развиваат и ќе стануваат помасовни.

OhridNews